Деановски тврди дека дел од академиците им се заканувале на вработените кои штрајкуваат

Вработените во МАНУ повторно го активираа штрајкот кој беше ставен во мирување од февруари 2023 година. Тогаш работодавецот се обврза и ги прифати сите барања на штрајкувачите. Сега штрајкот е повторно активиран бидејќи како што информира Трпе Деаноски од УПОЗ, од потпишаната спогодба не е исполнето ништо.

-Бараме зголемување на платите на вработените. Мораме да апелираме да го слушнат сите надлежни институции во државата, а особено основачот на МАНУ – Собранието. Академиците наместо да седнат и да преговараат со Синдикатот, најмија адвокатска канцеларија преку која се одвива комуникацијата со вработените и тоа има единствена задача – да ги заплаши вработените и да го забрани одвивањето на штрајкот, рече Деаноски во изјава за медиумите.

Според него, дел од академиците, преку раководителите на организациските единиците при МАНУ, почнале со закани кон вработените дека ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди им се обратиле на вработените, поради штрајкот.

Во спогодбата која била потпишана лани, се презела обврска од раководството на МАНУ дека до крајот на годинава ќе биде потпишан колективен договор и ќе се направи измена и дополнување на законот за да се реши проблемот со платите.

-36 вработени се во техничката служба на МАНУ кои штрајкуваат. За жал, досега не се изборија за ништо. Се штрајкува во текот на целото работно време и ќе работи само архивата за прием на пошта. Дел од вработените во лабораторијата работат, а дел штрајкуваат, додаде Деаноски.

Претходна вестСијарто: Има многу лицемерие во ЕУ за проширувањето, членки јавно даваат поддршка, а на состаноците се против
Следна вестПолицаец ќе внимава на учениците кај опасната крстосница пред „Љубен Лапе“ во Аеродром