СДСМ: Германската инвестиција беше целосно договорена и потпишана од Битиќи

Стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ, соопшти денеска најголемата опозициска партија.

Од СДСМ наведуваат дека германската компанија, односно инвестицијата за производство на литиумски батерии како што појаснуваат од оваа партија, беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ. Можно ли е Мицкоски до толку да нема ниеден проект со кој може да се пофали па мора да краде од СДСМ? Ќе почне ли Мицкоски да работи нешто конечно или само ќе се занимава со манипулација на јавноста?, наведуваат од оваа партија.

Од партијата истакнува дека ваквите инвестиции се резултат на внимателно планирани и стратешки насочени политики, кои нашата влада ги спроведуваше со цел да привлече технолошки напредни и одржливи компании во земјата.

СДСМ, се нагласува во соопштението, ќе продолжи да работи на создавање нови можности за економски раст и подобрување на животниот стандард на сите граѓани, без разлика на обидите на актуелната влада да ги присвои нашите успеси.

Потенцираат дека македонската јавност заслужува вистински информации и транспарентност, а не манипулации и празни пофалби.

Претходна вестМихалис Рокас од денеска започна да ја обавува должноста амбасадор на ЕУ во Македонија
Следна вестГолем пожар во Расадник во Кисела Вода