Голем пожар во Расадник во Кисела Вода

Голем пожар попладнево избувна во скопската општина Кисела Вода. Огнот ја зафатил големата површина на подрачјето на Расадник. Од местото на пожарот се креваат густи облаци чад, а зафатени се зелените површини на кои има бојни растенија.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека горат ореови дрвја, а пожарот зафаќа поголема површина.

‘Шумски пожар во сред град, во овој момент беснее вистински шумски пожар во општина Кисела Вода во Расадникот. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. Верувам дека околните објекти ќе бидат благовремено заштитени бидејќи насекаде околу овој Расадник постојат различни објекти. Според мене овој пожар е невообичаен и апсурден пожар, бидејќи ние имаме шумски пожар во градот Скопје нешто што досега го немам видено, изјави Ангелов.

Засега не се познати причините за пожарот дали е случаен или е намерно подметнат.

Претходна вестСДСМ: Германската инвестиција беше целосно договорена и потпишана од Битиќи
Следна вестРаководството на МАНУ го поддржува штрајкот на вработените: Бидете трпеливи