Му се слошило на затвореник во Идризово, па починал на Клиника

Вчера во 15.44 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен П.С.(67) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, околу 14.00 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестДвајца скопјани претепале сограѓанин, по што претепаниот собрал група луѓе и го нападнал напаѓачот и неговото семејството
Следна вестСтавен под контрола пожарот во Расадник