Мицкоски: На владина седница ќе помине новиот состав на историската комисија која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во составот на комисијата за историски прашања.

-Има некои идеи и размисли. На следната владина седница или по неа ќе помине новиот состав на комисијата која преговара со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот претходно најави нов состав на комисијата. Според него, актуелните членови од македонската страна не ги оправдале очекувањата и не ги штителе националните интереси.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, , Климент и Наум Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија. Досегашните членови ка Комисијата често беа во македонската јавност цел на критики поради нетранспарентност и попустливост.

Претходна вестСветска премиера на најновата композиција на Дарија Андовска во Сараево
Следна вестАнита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“