Судењето за убиствата на Вања и Панче се одложи за 20. септември

Судењето за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, требаше да започне денеска, но истото беше одложено за 20 септември.

Причината е поради тоа што мора да се спојат обвиненијата, затоа што за Палчо беше посебно обвинение, а истото било одобрено вчера, па немало време да се спојат. Затоа судијата побара прво спојување на обвиненијата во еден предмет, па ќе започне судењето.

Обвинети за ова дело се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, и Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања.

На првото рочиште не присуствуваше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо поради тоа што, како што информираше судијата Ивица Стефановски, Судечкиот совет не бил во можност да го обезбеди присуството на Палевски, поради фактот што обвинението било оценето непосредно пред денешната расправа и не се исполнети законските услови да биде повикан.

Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година. Според обвинението, ученичката од 9 одделение, Вања, на 27 ноември била грабната во влезот од зградата каде што живее, околу 7.30 часот изутрина. Девојчето, само 2,5 часа откако било грабнато, според истрагата, било убиено со пиштол и потоа закопано во близина на селото Бразда, скопско. Оружјето сè уште не е пронајдено.

На 3 декември беше пронајдено и безживотното тело на велешанецот Панче Жежовски.

Претходна вестГаши не се плаши
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Филипче не одговори зошто ја сокри фирмата во Петрич од анкетниот лист, што се крие на таа адреса?