Белоруските воздухопловни сили денеска соборија два руски беспилотни летала во близина на белорускиот град Гомел, јавуваат белоруските медиуми.
Во исто време, рускиот функционер Владимир Рогов на својот канал на Телеграм објавил дека дронот влегол во воздушниот простор на Белорусија.
Според групата Белорусија Хајун, неколку белоруски борбени авиони наводно пресретнале беспилотни летала во близина на градот Гомел околу 1:30 часот по локално време.