Вчера на територијата на Македонија беа регистрирани 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е еден и изгаснати се 33, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот кај Мариово, кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица, Волково, а огнената линија се шири на три крака и гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. Во Општина Чашка на планината Мукос гори мешана шума. Кај селото Градманци во Општина Петровец гори нискостебелста шума.
Смреки и сува трева горат кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци, Топлик, полигон Криволак, Општина Штип.
Во Чучер-Сандево гори мешана шума кај селото Танушевци, а во Општина Долнени, кај селото Десово гори сува трева и мешана шума.
Под контрола е пожарот во Кочани каде што гори градската депонија.