Денеска се навршуваат петнаесет години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“, кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица на Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.