Љутков: Универзална сала не е преземена на легален начин од Град Скопје

Се ревидира целата документација за преземање на Универзална сала од Град Скопје, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Според него, начинот на кој Универзална сала е преземена од Град Скопје во Министерството за култура не е легален и постапката ја оцени како проблематична.

Љутков вели дека првата фаза од постапката за изградба е во тек, но оти е запрена втората фаза.

-Проблемите со документацијата не се однесуваа толку на фазите, туку се однесуваше на постапката на преземање, која реално е проблематична. Како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ бидејќи во ова фаза мене ми изгледа реално како да работиме нешто нелегално. Затоа целиот овој процес го ставив во мирување. Првата фаза си тече постапката, се гради, но во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме, а веќе сме пред крај, целата документација на начинот како е преземена од Град Скопје во Министерство за култура, а реално не е преземена на легален начин, рече Љутков денеска одговарајќи на новинарски прашања при неговата посета на Штип.

Министерот денеска даде уверување дека до крајот на 2028 година, кога Скопје е европска престолнина на културата, ќе има здрав, современ објект според сите стандарди, а тоа е Универзална сала.

Предавањето на документацијата за Универзална сала од Град Скопје на Министерството за култура беше актуелно во мандатот на Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Претходна вестДогодина ќе се носи нов Закон за локалната самоуправа, досегашниот бил стар повеќе од две децении
Следна вестВлатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси