СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

И на Влатко Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќаат над 105.000 денари месечно или над еден милион денари годишно, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија наведува дека додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ.

-Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собраниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата. Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите. А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од СДСМ.

Претходна вестСкопјанец со закана со пиштол принудувал луѓе да вадат пари од банкомат и да му ги дадат
Следна вестЛетото 2024, најжешкото во историјата