РКЕ: До август се издадени лиценци за нови фотонапонски централи со моќност од скоро 250 MW

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од  обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW  издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август) покажуваат податоците на  Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

-Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Или практично, со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат скоро  80 илјади домаќинства, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од  обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од  скоро 399 MW, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MW.

Претходна вестЛетото 2024, најжешкото во историјата
Следна вестЦУК: Шест активни пожари, сè уште гори кај Мариово