За празничниот викенд ЈСП ќе вози по неделен возен ред

По повод 8 Септември – Ден на независноста од 7 до 9 септември, ЈСП ќе работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Во понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.

Претходна вестЗа Денот на независноста Владата ќе организира програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“
Следна вестКАМПАЊА „БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ТРАКТОР И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ“