Димитријевиќ најефикасен во поразот на Олимпија Милано против Фенербахче

Во контролен натпревар кошаркарите на Олимпија Милано претрпеа пораз од Фенербахче со резултат 81:76.

Новото засилување на италијанскиот клуб, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлични перформанси.

Нашиот плејмејкер против турската екипа имаше учинок од 14 поени, пет скокови и три асистенции.

Димитријевиќ беше најефикасен во својот тим, следен од Болмаро кој постигна 13 поен.

На спротивната страна Болдвин реализираше 14, а Вилбекин 10 поени.

Претходна вестМаж од Валандово му го запалил автомобилот на сограѓанин
Следна вестБугарскиот амбасадор Радуков утре ќе биде повикан на разговор во МНР