МВР пак потсетува за промена на возачките дозволи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31 декември 2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои сѐ уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват истата, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

-Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31 декември 2024, без никакво доцнење и гужви, соопштувата од МВР.

 

Претходна вестСДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња
Следна вестД-р Даниловски: Како еден родител да одлучи да го вакцинира своето дете кога има „вакцинален скептицизам“ кај огромното мнозинство доктори?