Жан Павлов прв квиз-шампион на Македонија

Жан Павлов е победник на првото Државно квиз првенство на Македонија што се одржа во просториите на Лабораториум.

Со овој натпревар официјално беше означен почетокот на новата сезона 2024-2025 на квизови, во организација на Македонската квиз асоцијација.

Павлов победи со 115 поени, само четири повеќе од второпласираниот Илија Стевков и шест повеќе од Бари Исени на третото место.

Учесниците во поединечна категорија во две сеанси од по еден час одговораа на вкупно 200 прашања од осум теми.

 

Претходна вестОд полноќ поевтинуваат сите горива
Следна вестРСБСП во соработка со МВР и Факултетот за безбедност во Скопје ја реализира кампањата „Европска недела на мобилност 2024“