Променливо облачно, температурите се стабилизираат

Во Македонија во вторникот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 5 до 11, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 25 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Максимална прогнозирана температура е 23 степени.

Претходна вестМНР: На бугарскиот амбасадор Радуков му било укажано за отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето
Следна вестМуцунски: Ако Бугарија пристапи со добра волја, како што правиме и ние, треба да се извини за протоколарната грешка