Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни, велат од СДСМ

-Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите, велат од СДСМ.

-Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат. Во 2017 , а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година.

Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години. Денес, со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година.

Агенцијата задолжена за исплата јавно нека ги објави и информира за која програма односно година се потрошени парите од овој ребаланс, соопшти СДСМ.

Претходна вестВтор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
Следна вестПак отстранети диви депонии на „Пластичарска“ и во населбата Топаана