Марјанчо Малинов од Велес вчера пријавил во полиција дека неговата 23-годишна ќерка Теодора се оддалечила од домот во непознат правец, заедно со нејзината двегодишна ќерка, пренесува „Фокус“.
-Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот ѝ е во притвор, и таа две години живееше со нас. Има свој кат во куќата за неа и за внуката, изјавил Марјанчо за „Фокус“.
Марјанчо објаснил дека на денот кога заминала, дома имале расправија. Подоцна дознал дека Теодора со автобус заминала за Струмица, но оттогаш нема информации за нејзината локација.
Случајот е пријавен во полиција, а потрагата по Теодора и нејзината двегодишна ќерка продолжува.