Малолетник од Скопје вчера е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ поради повреди добиени од напад со нож од страна на неколку малолетници, информира полицијата.
МВР соопшти дека нападот се случил во близина на едно училиште.
-На 17.09.2024 пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.