Пејџерите што биле користени во вчерашните напади во Либан ги произвела компанија со седиште во Будимпешта, која имала овластување да ја користи трговската марка на тајванската компанија Голд Аполо.
Пејџерите ги произвела BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, соопшти денеска Голд Аполо, која истакна дека за производството исклучиво е одговорна BAC.
-Пејџерите „АР-924“ ги произведува „БАЦ консалтинг КФТ“ со седиште во Будимпешта. Согласно договорот за соработка, ние ѝ дозволивме на „БАЦ“ да го користи нашиот бренд за продажба на производи во одредени региони. Дизајнот и производството на производите се целосно одговорност на „БАЦ“, соопшти „Голд Аполо“.
Експертите сметаат дека експлозивниот материјал бил ставен во пејџерите пред нивната испорака и употреба.
Претседателот на Голд Аполо, Хсу Чинг-куанг, изјави дека компанијата имала договор за овластување со BAC во последните три години.
Според податоците од информацискиот систем на компанијата Opten во Унгарија BAC Consulting Kft. е основана во 2022 година.
Основната дејност на компанијата е деловен менаџмент и други менаџмент консалтинг, а нејзиното седиште е на Szőnyi út во Zugló. Според податоците на јавното претпријатие, управен сопственик на компанијата е извесна Барсони-Арцидијаконо Кристиана Росарија, жител на Будимпешта.
Вчера околу 15:30 часот по локално време, додека луѓето биле во продавници, кафулиња или во своите возила, пејџерите во нивните раце или џебови почнале да се загреваат, по што експлодирале. Најмалку 12 лица загинаа, а 2,800 беа повредени. Многумина од погодените биле членови на Хезболах, кој во почетокот на оваа година ги замени мобилните телефони со пејџерите како средство за комуникација, за да не можат да бидат следени од Израел.