Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше премиерот Христијан Мицкоск. Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.
–Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри.
Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“.
Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите, изјави премиерот.
Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.