77-годишник од тетовско превезувал патници без лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(77) од село Копанце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

– На 09.10.2023, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од  пријавениот, при што било констатирано дека вршел јавен превоз, без да поседува лиценца издадена од надлежен орган, соопштија од МВР.

Претходна вестТАВ изготвува план за развој на авиосообраќајот во Македонија за наредните 20-30 години
Следна вестСо „Мојот маж” Драмски театар вечерва ја отвора новата сезона