Палевски изјави дека не е виновен, обвинителката тврди дека тој пукал во Вања и во Панче

Обвинетите за двојното грабнување и двојното убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски не се чувствуваат виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар. Тоа го соопштија на почетокот на денешното судење во Кривичниот суд Скопје.

Првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен.

-Ова е политичка наредба, ова обвинителство раскажува приказни. Родителот на Вања е наместен од полицијата. Јас, Александар не го познавам ниту пак обвинителството докажало меѓу мене и него. Јас бев киднапиран, благодарение не судијата на претходна постапка, но кога дојдов во затвор Скопје, констатирав дека има комплетно погрешни податоци, изјави Палевски.

Неговиот адвокат тврди дека неговиот клиент за време на убиството на Вања Ѓорчевска бил во Халк Банка за што постои и видео снимка, а за време на убиството на Панче Жежовски тој воопшто не бил во Велес.

Што се однесува до наводите за бегство на Палевски одбраната тврди дека има медицински белешки дека во тој момент Палчо бил на лекување во Турција.

-Како бранител на обвинетипт Палевски можам да се произнесам во однос на начинот на кој беше водена постапката против него, во време на водење на истражната постапка, бил надвор од Република Македонија, за свои потреби заминал во Турција, имаме доставено лекарска документација и други податоци, рече бранителот.

Таткото на Вања, обвинитетиот Александар Ѓорчевски соопшти дека не се чувствува виновен и дека нема да молчи и се става на располагање на судот.

Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина и дека не ги познавал останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна.

И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

На денешното прво рочиште за двојното убиство, обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска.

-Таткото им помогнал со кажување кога ќерката сама ќе излезе од дома за на училиште. Грабнувачите ја чекале Вања пред влезот и ја однеле во сутерен и ја ставиле во вреќа. Ѝ кажале да не вика и ја пикнале во „цитеренот“. Со Палевски се сретнале кај надвозникот кај Визбегово. Кога стигнале во местото ја извадиле Вања и ја ставиле во претходно ископана дупка. Така врзана Палевски пукал кон Вања од непосредна близина. Кога Вања била мртва ја ставиле во вреќа за спиење и ја закопале, рече меѓудругото обвинителката.

Таа додаде дека во Вања било пукано со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче од стана на Палевски. Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен.

Таа додаде дека обвинетите прво го убиле Жежовски за да можат со неговото возило да ја грабнат Вања. Го убил Палевски со истрел во главата, а потоа го закопале во дупка.

Претходна вестСудот не го прифати барањето да се исклучи јавноста од судењето за убиството на Вања и на Панче
Следна вестПриведен разбојник кој ограбил аптека во Ново Лисиче