Приведен разбојник кој ограбил аптека во Ново Лисиче

Скопската полиција синоќа околу 22 часот го лишила од слобода триесетгодишниот Б.П. од населба Илинден, Скопје, кој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Како што информираат денеска од МВР, пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПалевски изјави дека не е виновен, обвинителката тврди дека тој пукал во Вања и во Панче
Следна вестПарите од иселениците ќе стасуваат истиот ден, а ќе заштедат и 16 милиони евра