ССМ: Работничкиот дом останува на работниците!

Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии и Работничкиот дом е на работниците, соопшти денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тој рече дека претходната судска одлука направила најголемата штета на синдикалното движење во Македонија.

-Такво нешто се нема случено ниту во Европа ниту во светот. Борбата што ја водевме овие осум месеци, ни овозможи да добиеме повторување на постапката и укинување на сите правни акти кои значеа конфискација на Работничкиот дом. Упатувам апел до новата Влада да не ги следи примерите на претходните влади кои беа против работниците и кои сакаа да го одземат Работничкиот дом од работниците, рече Трендафилов.

Тој објасни дека предлогот за повторување на постапката со сите докази од далечната 1948 година е прифатен од Врховниот суд со насока да се укинат сите досегашни пресуди, вклучително и ревизијата од Врховниот суд со која се конфискуваше Работничкиот дом, на штета на целокупното работничко движење во Македонија, на штета на Сојузот на синдикати со единствена цел да се уништи Сојузот на синдикати на Македонија.

-Работниците и правдата победија корумпиран систем составен од корумпирани судии. За наша среќа, не сите судии се во истиот кош, рече Трендафилов.

Тој рече дека Работничкиот дом е граден од работничките плати, нивна членарина, нивен леб.

– Борбата која ја водевме овие 8 месеци донесе до повторување на постапката и до укинување на сите правни акти за конфискација на Работничкиот дом. Процесот започна во далечната 2005 година од страна на тогашната влада превидена од Владо Бучковски и заврши во 2023 година со владата предводена од Димитар Ковачевски, вели Трендафилов.

Претходна вестОбјавена есенската кошница, 73 производи со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти
Следна вестМицкоски: Повеќе ултиматуми нема да прифаќаме додека јас ја водам македонската Влада