Томовски и Потсдам претрпеа нов пораз во Бундеслигата

Потсдам на македонскиот голман Мартин Томовски останува без освоен бод и по третиот одигран меч во германската Бундеслига.

Мартин и компанија овојпат беа совладани од Хамбург со минимални 30:31. Ова беше дуел на кој како пресуден се покажа првиот дел во кој гостите направија предност од четири гола (17:13), предност која им даде крилја и едноставно имаа контрола на резултатот, играта во продолжението иако во финишот домаќините дојдоа на минус еден.

Репрезентативецот Томовски имаше скромно издание со три одбрани, неговиот колега Зимер беше прв стрелец со осум реализации. Бо Андерсен пак беше лидер кај Хамбург со седум голови.

Ерланген е следниот ривал за составот на Потсдам и тоа на 6 октомври.

Претходна вестТрагедија на патот Штип – Кочани, загина пешак
Следна вестМОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии во државата