Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице

Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.

Како што информира МВР, лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВучиќ: Гробот на Тито останува во Белград, тој е дел од српската историја
Следна вестПрегазена жена во Прилеп, возачот побегнал од местото на несреќата