Стружани на протест: Да се затворат казината и обложувалници

Протест за казината во Струга.

Стружани на протест против казината и обложувалниците.Тие револтирани од најавата за изградба на ново казино во градот во непосредна близина на училиште и факултет бараат државата да го ограничи нивниот број и локациите.Иако поднеле барање до општината по краток застој изградбата продолжила но велат дека не застануваат тука се до затворање на објектите за игри на среќа.

Старосната граница се спушта, коцкањето станува порок и на деца од 13,14 годишна возраст, бидејќи коцкарниците им се премногу достапни.Само во Струга има околу 50 тина коцкарници и обложувалници.

Штетите и последиците се големи а состојбата станува алармантна. Стружани реагираат велат на секој чекор може да се сретнат кладилници и коцкарници во градот.

Претходна вестЈанчев: Премиерот Мицкоски направи увид во градежните работи на Дневниот центар
Следна вестВонредна состојба во Италија, поплавени се два региони