Меџити: Законот за бранителите ќе остане заглавен

Првиот вицепремиер Изет Меџити во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека законот за бранителите „ќе остане заглавен“.

-Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во комисија која се води од Илире Даути и очекуваме дека таму и ќе остане, вели Меџити како одговор на прашањето дали од коалицијата Влен разговарале по ова прашање со премиерот Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали условот за поддршка е паралелно да се донесе и закон за привилегии на припадниците на ОНА, министерот за животна средина не дава одговор, туку вели дека целата работа е смислена од претходната власт.

-Дилемата и прашањето е зошто СДСМ кој до вчера се бореше со граѓански концепт, кој направи резултат и со албански гласови, има видни членови Албанци и во нивните структури, зошто не направи ништо за ова додека беше на власт последните осум години? И зошто баш сега имаат предлог за бранителите? Ова мислам дека е дневна политика и оди во функција на дестабилизација на процесите и на државата. Значи, синхронизирани се со ДУИ, само за да не одговараат, тврди Меџити.

Претходна вестРЕК Битола работи на декаробнизацијата, ама тешко да се откаже од јагленот
Следна вестЧетири лица загинаа во масовно пукање во Алабама, САД