Македонската Царина со „боди камери“ ќе ја искоренува корупцијата

Преку боди камери вградени на униформите на цариниците ќе се контролира нивната работа, а со тоа ќе се намали нивото на корупција на границите, најави првиот човек на Царинската управа Бобан Николовски.

Тој вели дека во тек е набавка на 60 вакви камери, кои наскоро ќе бидат распределени низ 5 гранични премини во земјава. Камерите освен што препознаваат лица, регистрираат и возила и ќе алармираат за оптовареност на граничните премини како и за сомнителни движења. Николовски очекува потизивните ефекти од користењето на камерите да бидат двострани. Освен што граѓаните ќе бидат заштитени од коруптивни влијанија од страна на царинските слубеници, службениците ќе бидат заштитени од лажни пријави и поплаки.

-Ќе ги заштитиме сите учесници во царинската постапка од аспект да цариснките службеници имаат негативно влијание во однос на негативни активности во самата царинска постапка. Ако има поплака од некој комитент или учесник во царинската постапка, ќе можеме да видиме што точно се случувало за да немаме случаи како што имало претходно каде што сме имале поплака на нашиот телефон за поплаки 197, меѓутоа не сме можеле да провериме фактичка состојба и не сме можеле да преземаме мерки, рече Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Николовски вели дека често се случува да добијат лажни пријави за коруптивно дејствување на царински службеник, но од реалните и по утрвдено несоодветно однесување или прекршок во месец август произлегле 18 дисциплински постапки.

-Секако дека има и реални и нереални повици. Нереалните повици се предизвикани од нервоза на странките кои учествуваат во постапка и немаат трпение да се спроведе цела постапка, меѓутоа секако дека во минатото имало и реални поплаки. Само во август има 18 постапки од најразлични видови, нашиот сектор за професионална одговорност работи тековно и тоа ќе продолжи да си фукционира, Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Според Николовски, за намалување на корупцијата низ граничните премини дополнително ќе придонесе и најавениот проект за автоматизирање на терминалите низ граничните премини во земјава. Преку проектот постоечките мануелни ваги и рампи ќе се заменат со електронски, со што се очекува да се намали можнста цариснки службеник да делува коруптивно, но и да се забрза постапката на влез на товарни моторни возила во државата

Претходна вестПожар во угостителски објект во центарот на Охрид
Следна вестИлчо Стојаков победник во натпреварот во брзо јадење на пастрмалија