Илчо Стојаков победник во натпреварот во брзо јадење на пастрмалија

Илчо Стојаков, поранешен градежен работник од Штип по 11 пат е победник на традиционалниот натпревар во брзо јадење на штипска пастрмалија, што се организираше по повод манифестацијата „Штипска пастрмалијада“. Тој овој штипски специјалитет успеа да го изеде за две минути.

–Набрзина и во рекордно време ја изедов пастрмалијата и и мислам дека откако ќе ми легне, ќе можам да запеам крај главната бина заедно со Јордан Митев кој е мој омилен пејач, но подоцна ако не е доцна, околу полноќ и со главната звезда на вечерта, хрватскиот пејач Петар Грашо, рече Стојков.

На 20 септемеври, пекарот Николче Малинов како донација на Штипската пастрмајлијада приготви џиновска пастрмалија долга два метри и широка 1,20 метри за отварање на настанот.

Традиционалната манифестација годинава се одржа по 16. пат, на улицата „Ванчо Прќе“, во центарот на Штип, која се адаптираше во новоо шеталиште.

Претходна вестМакедонската Царина со „боди камери“ ќе ја искоренува корупцијата
Следна вестШтипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар