Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа, 23.09.2024 година, во 02 часот и 02 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестАХВ во вонредни инспекции во Охрид и Струга: Откриени 8,7 тони небезбедна храна
Следна вестСончево и релативно топло време