Албанија сака да формира исламска верзија на Ватикан

Албанија планира да создаде своја верзија на Ватикан. Но, овој Ватикан сепак ќе биде муслимански.

„Њујорк тајмс“ објави дека албанскиот премиер Еди Рама ќе ги објави плановите за суверена микродржава во нејзиниот главен град Тирана, која ќе ги следи практиките на редот на бекташите – шиитски суфиски ред основан во 13 век во Турција.

Ако сѐ оди по планот, таканаречената „Суверена држава од редот на бекташи“ ќе стане најмалата држава на светот, само една четвртина од големината на Ватикан. Земјиштето од 10 хектари ќе има своја управа, пасоши и граници.

Новата држава ќе дозволува алкохол, ќе им дозволи на жените да носат што сакаат и нема да наметнува правила на живот, како одраз на толерантните практики на бекташискиот ред. Рама рече дека целта на новата држава ќе биде да промовира толерантна верзија на исламот со која Албанија ќе се гордее.

Историјата на бекташите датира од Отоманската Империја во 13 век, но пред речиси еден век седиштето на Редот се преселило во Тирана, откако Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република, му забрани влез во Турција.

Бекташкиот ред има долга мистична традиција во Албанија. Поддржани од јаничарите, елитните војници на Отоманската Империја главно биле регрутирани од христијанските области на Балканот. Суфиската вера не ги принудува приврзаниците да ги почитуваат основите на традиционалниот ислам.

Сепак, толеранцијата која ја пропагираат не значела и заштита од прогонство. Стотици години верниците биле под притисок, без разлика дали нивните господари биле христијани, муслимани или атеисти – поради што Редот се селел и во Косово и Албанија.

Бекташите се посветени на мудреците, познати како дервиши. Дервиш Баба Монди е актуелен духовен водач на редот.

Баба Монди треба да биде водач на суверената држава на редот Бекташи. Тој вели дека одлуките ќе се носат со „љубов и добрина“.

Тим од експерти работи на легислатива што го дефинира суверениот статус на новата држава во Албанија. Ќе треба да го поддржи и владејачката Социјалистичка партија на Рама.

Баба Монди изрази надеж дека САД и другите западни сили ќе го признаат суверенитетот на неговата држава.

-Ние заслужуваме држава. Ние сме единствените во светот што ја кажуваат вистината за исламот и кои бараат нивниот Ред да не се меша со политиката, изјави тој за „Њујорк тајмс“.

Претходна вестГазди на фирма претепале вработен
Следна вестВо Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис