СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија смета дека намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.

-Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија. Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите, велат од СДСМ.

Се додава дека падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард.

-Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари. Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила. Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите, велат од партијата.

Претходна вестМуцунски на Генералното собрание на ОН: Ниту една земја не може сама да се справи со новите закани
Следна вестСообраќајка во Прилеп, четворица повредени откако 20-годишник со „Пежо“ се забил во оградата