Сообраќајка во Прилеп, четворица повредени откако 20-годишник со „Пежо“ се забил во оградата

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера во Прилеп, соопшти полицијата.

-Вчера во 23:40 часот било пријавено дека „Пежо“ со прилепски таблички се забило во оградата на касарната „Мирче Ацев. Возилото го управувал 20-годишниот А.Г кој се здобил со телесни повреди, а покрај него со повреди се здобиле и тројцата негови сопатници. Повредите на сите лица биле констатирани во болницата во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти МВР.

Претходна вестСДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски
Следна вестЕди Рама: Бекташките муслимани ќе добијат своја независна држава во Тирана налик на Ватикан