Искусниот македонски стратег, Никола Илиевски-Џиџи нема повеќе да го води тимот на ГФК Охрид Лихнидос.
Охрид вчера загуби од Башкими со 1-0, а неколку дена претходно и дебакл во соочувањето со Беса во Купот (5-1) по што Џиџи презема одговорност и поднесе оставка.
Истата беше прифатена од страна на раководството на клубот што значи дека второлигашот ќе добие нов тренер.
Со само еден освоен бод оваа екипа се наоѓа на последното место на табелата во ВМФЛ.