Сообраќајка во кумановско, повредени 11 лица

Вкупно 11 лица биле повредени во сообраќајка помеѓу комбе и автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај месноста Света мина.

– На 23.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово –Свети Николе и бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „Фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „Форд“ удрило во запрено патничко возило „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово, информираат од МВР.

Во незгодата, како што додаваат од МВР, со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „Крафтер“, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Претходна вестСедми ден потрага по туристот од Белгија
Следна вестРодители го нападнале синот и неговата малолетна сопруга