Родители го нападнале синот и неговата малолетна сопруга

Семејна драма се случувала ноќеска во Прилеп, откако родители физички го нападнале синот и неговата малолетна сопруга.

-На 24.09.2024 во 02.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Т. од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка и нејзиниот зет за ќерка од Прилеп биле физички нападнати од родителите на зетот, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Претходна вестСообраќајка во кумановско, повредени 11 лица
Следна вестБројката на невработени падна под 100 илјади, доминираат невработените без образование или само со основно образование