Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа убедлив триумф над Теодо Тиват од 68:50 во првиот натпревар од новата сезона во АБА2 регионалната лига.
Актуелниот македонски шампион се прикажа во далеку подобро светло на пресметката во СЦ „Јане Сандански“, одигра пред се фантастично во одбраната и најдобра потврда за тоа се само 50 примени поени.
Избраниците на Атанасов по 20 минути игра имаа плус 11 (35:24), предност која им даде самодоверба и во вториот дел само го заокружија триумфот пред своите гледачи.
Стојановски и Баковиќ беа играчите кои најмногу се истакнаа, Војдан постигна 13 поени со 6 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки, Марко пак имаше 12 кошеви, 8 скока, 1 асистенција и 2 блокади.
Во второто коло „штрковите“ ќе ги одмерат силите со Цедевита од Хрватска.