Студентски отпор со ултиматум: УКИМ целосно да ги укине дополнителните трошоци

УКИМ со воведувањето на нови дополнителни прошоци ја преминал границата на студентското трпение, порача денеска организацијата Студентски отпор.

Како што велат, тие собрале речиси 900 потписи на петиција против овие трошоци.

-УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата!, се наведува во обраќањето.

Оваа организација ги истакна следните барања:

  1. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати.
  2. За летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки.

-Ова не се предлози, туку ултиматум! Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!, порачаа од Студентски отпор.

Фото: Архива

Претходна вестПочина оперската пејачка Ирена Кавкалевска
Следна вестДПИ од денеска ќе почне да ги казнува трговците кои не ги намалиле профитните маржи