Отворен музејот на „Алкалоид“

Во просторите на „Алкалоид“ денеска беше отворен музејот на ова компанија, кој ја опфаќа нејзината историја од отворањето до денес. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, пред присутните рече дека овој момент е значаен за сите зашто музејот е збир на моменти и емоции на генерации луѓе

-Многу сум среќен и горд што сме тука заедно, што можете да видите еден сегмент од историјата на компанијата низ разни периоди од 1936 година, па натаму, сè она што се случувало и како се движела компанијата, како се развивале одредени производи низ децениите. Се надевам дека овој музеј ќе биде тука да го посетат сите наши вработени, а секако и луѓе што имаат интерес да видат како „Алкалоид“ се развивал, рече Мукаетов.

Во музејот се поставени и машини што се користеле низ годините, производи на ова фармацевтска компанија, како и спортските достигнувања на поединци и клубови кои „Алкалоид“ ги поддржувал.

Претходна вестБесплатни психолошки, логопедски и дефектолошки третмани во Кисела Вода
Следна вестДПИ: Трговците не си ја сфатиле сериозно работата и не ги намалиле цените