Дамјан Давков освои сребрен медал на Балканската олимпијада по информатика

Даниел Којнов, ученик од Гимназијата во бугарскиот град Шумен е победник на 31. Балканска олимпијада по информатика што во организација на Здружението на информатичари на Македонија деновиве се одржа во Охрид. Тој беше прогласен за најдобар во конкуренција на педесеттина учесници од 15 земји од поширокиот Балкански регион.

Најдобар од македонските претставници на натпреварувањето е Дамјан Давков од Штип кој е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, со освоен сребрен медал.

Како што беше истакнато на денешната церемонија на доделувањето на наградите за најдобрите учесници на Олимпијадата, целта на ваквите настани е поттикнување на соработка меѓу балканските народи и инспирацијата на млади таленти во областа на технологијата и иновациите.

Балканската олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Домаќин на олимпијадата секоја година е различна земја, членка на БОИ Иницијативата. На Олимпијадата секоја држава има право да учествува со најмногу четворица ученици/ натпреварувачи кои претходно се бираат според постигнати највисоки државни резултати, а државата домаќин може да има две екипи со по четири) натпреварувачи.

На натпреварот во Охрид улествува ученици од Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора и Италија. Дополнително, учество седоа и учесници од земји поканети како гости на Олимпијадата и тоа од Хрватска, Швајцарија, Полска, Украина, Саудиска Арабија.

Претходна вестДПИ: Трговците не си ја сфатиле сериозно работата и не ги намалиле цените
Следна вестПриредувале игри на среќа без лиценца и переле 1,6 милиони евра, кривични пријави против  четири лица од Стар Дојран и Скопје