ДПИ изрече казни од 20.000 евра – денеска се контролираат бурекџилниците и помалите маркети

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изрече осум перкршочни налози во висина од над 1.196.000 денари за непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Како што информираат од ДПИ, денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.

-Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија. Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од Државен пазарен инспекторат.

Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на околу 70 основни прехранбени производи поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.

Претходна вестАрсовска пак не сака да одговара на прашањата на градските советници
Следна вестОд петок цела недела ќе се прска против комарци во Скопје