Работнички надигран од Сутјеска во АБА2 лигата

Кошаркарите на Работнички претрпеа пораз од Сутјеска од 71:58 во првиот натпревар од новата сезона во АБА2 лигата.

Македонскиот претставник не беше посакуваното ниво иако играше на домашен терен во СРЦ „Кале“, меѓутоа кога во една четвртина ќе дадете само пет поени тешко дека можете да се надевате на било каков позитен резултат.

„Центарци“ го загубија првиот период со 22:16 за да во вториот реализираа само 5 поени за 10 минута и на одмор заминат со минус 16 (37:21). Гостите и по одморот продолжија да ја зголемуваат предност и во завршниот период влегоа со позитива од 61:36.

Добра вест за Работнички беше тоа што тука противникот подзастана, па избраниците на Самарџиев успеаа да се изборат за подостоинствен пораз на крајот.

Робев со 13 и Јовичиќ со 12 поени беа најдобри кај Работнички, Вебстер пак со 15 кошеви ја имаше улогата на лидер кај Сутјеска.

Претходна вестУраганот Хелена ја погоди Флорида, најмалку три жртви
Следна вестОдбележување на 100-годишниот јубилеј на храмот „Св. Петка“ – Црниче