Малолетник физички нападнат од врсник во Мирковци

Малолетник физички бил нападнат од свој врсник во близина на едно скопско основно училиште.

– На 25.09.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, Т.К.(54) од Скопје пријавил дека на 24.09.2024 околу 11.00 часот во основно училиште на подрачјето на Мирковци, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ работеа на раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ
Следна вестЗагина човек во Ѓорче Петров, со возило излетал од патот на улица „Шар планина“