Загина човек во Ѓорче Петров, со возило излетал од патот на улица „Шар планина“

Вчера во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Претходна вестМалолетник физички нападнат од врсник во Мирковци
Следна вестДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина