Повеќе ученици од прво до четврто одделение утринава биле пријавени со симптоми дијареа, повраќање и болки во основното училиште во скопски Аеродром „Ѓоргија Пулевски“. Сите ученици кои имале труење се хранат во училишната кујна .
За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што превентивно е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни инситуции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујнатра во училиштето.
Ова го потврди и Државен санитарен и здравствен инспекторат.
-Денеска Државен санитарен и здравствен инспекторат по телефонски пат е известен од страна на раководителот на одделението за епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје дека имаат сознанија за појава на стомачни тегоби кај повеќе ученици од ООУ Ѓорѓија Пулевски – Скопје за кои постои сомнеж дека станува збор за труење со храна.
-Известени сме дека епидемиолозите направиле контакт УЗЈ УК за инфективни болести и фебрилна состојба и УЗЈ УК за детски болести но во овие здраствени установи не се јавиле на преглед ученици од наведените училишта со стомачни тегоби. Одделението за епидемиологија известено е од матичен лекар дека три деца- ученици во тоа училиште дека веќе се јавиле на преглед и ќе бидат доставени пријави за заразно заболување, стои во соопштението од ДЗСИ.