Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна

На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во атар на с.Црнилиште, пронашол корозирана минофрлачка граната од Втората светска војна.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната, соопшти МВР.

Претходна вестЧеститка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците
Следна вестРуски беспилотни летала го нападнаа Киев: Украинската воздушна одбрана ги уништи