Валандовчанец уапсен додека полевал стебла марихуана

Вчера утро во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово.

Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ со практикувањето на корупција и криминал, ставија печат на тонењето на Македонија на патот кон ЕУ
Следна вестЛина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Србија